ДОБРОДОЈДОВТЕ НА РЕЗЕРВНИОТ ВЕБ ПОРТАЛ НА СТАР РАДИО
|
|
СТАР РАДИО МАКЕДОНИЈА
Стар радио е интернет радио кое започна со работа на 14 декември 2011. Работиме на професионална студиска аудио опрема во простории специјално уредени за реализација на нашата радиска програма. Можете да не слушате секој ден, 24 часа. Сериозноста на нашиот радио-проект ја поткрепува фактот што радиово располага со две професионални аудио студија и тоа во Скопје и Mинхен каде се реализира нашата програма. Во нашата програмска шема нудиме квалитетен избор на македонска и екс ју забавна музика, емисии во живо со забано-едукативен карактер, топ листи и уште многу други содржини кои можат да го привлечат вашето внимание. Целта на СТАР радио е да понуди квалитетен сплет на музика, говор и енергија кои можат да Ве оттргнат од лошото секојдневие и да Ве однесат во еден друг поубав свет каде царува љубовта. Нашето мото е "ЉУБОВ, МУЗИКА, ЕНЕРГИЈА". За сите Ваши пофалби, критики, сугестии во врска со програмската шема, како и за соработка со Стар радио контактирајте не на нашиот е-маил: [email protected] . Благодариме што сте дел од нашите слушатели и уживајте со СТАР радио.
|
во новиот ден
Ноќната љубовна емисија ВО НОВИОТ ДЕН започна да се реализира како проект на 12 ноември далечната 1998 година на едно од тогашните скопски радија и за брзо прерасна поради својата оригиналност и квалитет постана во тој период една од најслушаните емисии од тој тип. Емисијата има единствена цел, а таа е да го доближи секој слушател поблизу до љубовта и сето она што е поврзано со истата, да го отргне од лошото секојдневие и да го однесе во еден поинаков свет каде царуваат музиката, убавата енергија и љубовта. Во неа се разговара на теми поврзани со љубовта, за љубовните проблеми и притоа се чита љубовна поезија и пораки од слушатели. Уредник, реализатор и водител на истата е Горан Спасовски - Шојка кој стои како потписник на авторските права за името на емисијата и за концептот на истата. Со мали паузи од самиот почеток во 1998-мата година емисијата Во Новиот Ден се емитува до денешен ден. Новата сезона од оваа емисија можете да ја слушате секој понеделник и среда од 00 до 02 часот на Стар радио.
|